За оваа една година локална власт на ДПМНЕ граѓаните не видоа ниту еден нов капитален проект, ниту едно решение, ниту помош во време на криза. Но затоа секојдневно гледаат кавги за провизии и тендери, масовна партизација и расипничко трошење на народните пари во време на светска криза рече на прес конференција пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.
Резултатот од една година локална власт на ВМРО ДПМНЕ се гледа во Скопје: целосен хаос во градот.Наместо бесплатен превоз, нема превоз, наместо нови еколошки автобуси ниту тие што ги има не возат, заглавени, нефункционални јавни претпријатија и нула проекти. Затоа денеска, затворени и далеку од граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на партиски панаѓур ќе даваат отчет пред шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски. Не пред граѓаните, пред Мицкоски. Денешниот партиски панаѓур на ВМРО-ДПМНЕ е само уште еден доказ дека градоначалниците од оваа партија не работат за интересите на граѓаните, туку за личните и бизнис интереси на Мицкоски вели Каевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.