Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вели дека внатрешниот долг на државата на крај на септември 2022 година е 407 милиони евра (раст од ковид-19 наваму за 131 мил.евра).

Државата должи на приватниот сектор 207 милиони евра (раст од ковид-19 наваму за 88 мил.евра). Јавните здравствени установи должат 104 мил. евра (раст од ковид-19 наваму за 58 мил.евра).
Прашање: каде отидоа за ковид парите ако толку се кумулирал долг во здравството? Нели се задолжувавме за помош на здравство?, вели Кадиевска Војновиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.