Во врска со изнесените податоци во медиумите со кои се повикува Јавното претпријате за државни патишта (ЈПДП) на одговорност заради пропуштање на возила без да платат патарина на наплатните станици Петровец, Сопот, Отовица и Градско, од ЈПДП ја известуваат јавноста дека барањето било поднесено од „The Distinguished Gentleman’s Drive“ 2024 клубот кој традиционално по 4. пат, организираше меѓународен хуманитарен настан, односно глобален собир на историски возила кој се одржа на 29 Септември 2024 година, во 64 држави, во повеќе од 180 градови ширум светот, со цел подигање на свеста во борбата против машките болести меѓу кои и рак на простата и секој член на клубот на овој ден донира одредена сума на сметката на клубот во Лондон.
„The Distinguished Gentleman’s Crew Skopje“ се обратија со Барање до Јавното претпријатие за државни патишта за непрекинато движење на конвојот составен од дваесетина возила т.н олдтајмери што им беше одобрено, а барањето за ослободување од плаќање на патарини не беше одобрено и е во фаза на фактурирање, велат од ЈПДП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.