Професор д-р Сашко Јовев во врска со понудата на министерот за здравство Фатмир Меџити, кој денеска упати повик до него да биде негов национален советник за кадриохирургија, откако вчера го разреши, како што тврдеше поради неработење и нерегуларности, рече дека тоа е голема чест, но неговото место е на Клиниката за кардиохирургија.
Јовев, кој вчера беше разрешен од позицијата директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, истакна дека министерот нему лично не му се обратил во врска со денешната понуда, но потенцира дека себе си се гледа во Клиниката, заедно со неговиот тим, со кој ќе постигнуваат уште поголеми успеси.
-Сметам дека моето место е на Клиниката за кардиохирургија, да го водам својот тим и заеднички да постигнуваме уште многу успеси, нагласи Јовев, кој денешната изјава ја даде во присуство на проф. д-р Горан Димитровски, претседател на Македонското лекарско друштво.
Јовев рече дека ќе продолжи со борбата, затоа што е сигурен дека министерот ќе ја поправи оваа грешка.
Димитровски, пак, во името на целото Друштво го изрази незадоволството од одлуката на Министерството за разрешувањето на д-р Јовев.
-Разрешувањето на професор д-р Сашко Јовев од место директор на Кардиохирургија деновиве ја бранува јавноста и лекарската фела пред се од причина што образложението на МЗ за оваа постапка сметаме дека е неиздражано и небулозно. За лекар, кој прв пат во Македонија направил трансплантација на срце и досега заедно со својот тим, кој тој го формирал и на светски стручно ниво вршел и други трансплатации на срце, како и интервенции со кои се спасени многу животи од други заболувања на срце кај пациенти, оваа одлука навистина е неразибрлива. Македонското лекарско друштво е против ваквата одкука на МЗ за разрешување на Јовев и изјавата на минстерот за здравство дека не му требаат директори кои шест месеци не дале резултати е неоснована, рече Димитровски.
Тој нагласи дека оваа одлука е лоша порака за младите лекари, бидејќи се разрешува некој, кој постигнува резултати на национало и интернационално ниво.
-Сметаме дека одлуката на Министерството за разрешување на професорот Јовев сепак ќе се повлече и дека ваквите врвни, стручни лекари македонското здравство и институциите на системот ќе знаат да ги зачуваат, почитуваат и наградуваат наместо да ги казнуваат, нагласи Димитровски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.