Јован Рафтоски од Струга беше најсреќен меѓу големиот број верници што денеска скокнаа во студените води на реката Црн Дрим и го извади светиот крст.

За 32-годишниот стружанец, кој првпат го фаќа крстот, разбрануваните и заматени речни води не биле проблем прв да стигне до него, бидејќи бил искусен нуркач и пливач.

Скокам пет – шест години, а годинава првпат го фаќам крстот. Заматените води не ми претставуваа проблем бидејќи сум искусен нуркач и пливач, изјави Рафтоски, кој верува дека фаќањето на светиот крст ќе му донесе среќа и успех.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.