Откако синоќа во ресенското село Евла ја посети ловечката куќа како дел од проектот „Бугарски ловни традиции од времето на цар Самоил до денес“, бугарската потпретседателка Илијана Јотова денеска ја завршува посетата во Битола со присуство на воено-црковен ритуал на бугарските воени горбишта во селото Цапари и на бугарскиот козулат. Таа не е дел од официјалните гости по повод 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола, туку е со своја агенда. Денеска не даде изјава, но за разлика од ланската посета при отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ кога рече дека не постои македонско малцинство во Бугарија, Јотова синоќа беше поумерена во изјавата. Прашана во врска со неодамна донесиот Закон за здруженија и фондации, рече дека се работи за одлука на една суверена земја.
-Нас тоа што не интересира, се разбира ќе се провери и понатаму во иднина, е да видиме како ќе дејствува тој закон, како ќе се развва во наредниот период. Ние започнавме заедно еден многу тежок процес за приклучување на РСМ во ЕУ, таму каде според мене е местото на вашата земја. Мислам дека многу од нашите проблеми, ако се уште има такви, ќе имаат решение само тогаш кога еден ден ние сите заедно ќе бидеме дел од големото европско семејство, рече Јотова.
Но за разлика од Јотова, првиот човек на бугарскиот тим историчари Ангел Димитров со пожестоки тонови и критики. Според него законските измени кои ги доведоа во прашање имињата на бугарските клубови „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, ќе влијаат врз работата на Комисијата за историски прашања.
Политичарите во Скопје не вратија наназад во билатералните односи не 20 години туку и повеќе. Забележуваме циклично повторување во односот кон Бугарија во различни фази од се уште краткиот живот како независна држава на денешна РС Македонија. Забраните за клубовите ќе влијаат врз работата на Комисијата бидејќи директно се укажува дека единствено легитимно од гледна точка на Скопје е нивната интерпретација на минатото.-вели Димитров за Бугарското национално радио.
Инаку нова средба на мешовитата историска комисија е предвидена за кон крајот на месецов во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.