Престојот на делегацијата предводена од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова во Република Македонија е пријавен по дипломатски пат преку Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи.

– Информираме дека во однос на престојот на потпретседателката не се побарани средби ниту други програмски содржини и нејзиниот престој и транзит низ земјава е во организација на Амбасадата, наведуваат од МНР.

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, како што пенесоа бугарските медиуми, вчера на враќање од Косово, во Скопје остварила средба со претставници на бугарската заедница во Македонија. На средбата што се одржала во Амбасадата на Бугарија во Скопје присуствувале научници, политичари, бизнисмени и граѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.