Власта го кочи развојот на Општината, само заради тоа што градоначалникот е од друга политичка партија, но и покрај се за година ипол реализиравме повеќе проекти и по број и по финансиски обем од прерходните градоначалници на СДС за цел четиригодишен мандат“, изјави Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.
Тој додаде дека нема никаква причина да не добие Општина Штип можност за издавање општинска обврзница бидејќи Општина Штип е ликвидна општина со добиена потврда од министерството за финансии.
„Општина Штип е првата општина која побара да издаде општинска обврзница и со средствата од општинската обврзница да инвестира директно во капитални инвестиции кои ќе генерираат вредност“, кажа Јорданов.
Тој е дециден дека во сите општини и градови кога се инвестира во нови капитални проекти се бара финансирање на истите со општински обврзници
„Директен пример дека се двојат општините е неиздавањето на општинска обврзница а во исто време на нас како локална самоуправа ни е ускратено основното право на финансирање а во исто време на други општини од редовите на владејачката партија им се доделуваат средства директно од буџетот за реализација на проектите и тоа е онаа неправда која ни дава мотив повеќе да продолжиме“, изјави Јорданов.
Тој потенцираше дека се кочи развојот на еден град заради тоа што градоначалникот е од одредена политичка партија и се казнуваат граѓаните.
„Со обврзницата планиравме да исполниме неколку проекти како обиколницата која е потребна за поврзување на едниот и другиот излез со градот, Булеварот „Партизанска“ да се продолжи и да се поврзат најголемите населби. Друг проект како приоритет од енергетската криза е поставување турбина во главниот цевковод на Исар за производство на 24/7 часовно производство на електрична енергија“, вели Јорданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.