Јетоне, Јетоне, министре Јетон Шакири, ти напишав пред некој ден дека ултиматуми во Гази Баба не прифаќаме, затоа денес во 17.30 часот ќе се соочиш со протести, а ако продолжиш со ултиматуми и не дај боже одземање на ингеренциите на општина Гази Баба, ќе се соочиш со бојкот во цела Гази Баба, му порача пратеникот Зоран Коцевски на министерот за наука и образование.

Тебе како да не ти доаѓа умот!?
Во прилог ти ја праќам фотографијата кога Ти, заедно со Груби, Адеми и останати губитници, ветивте ново училиште во Идризово.
Затоа фокусирај се на ветувањето кое го даде на родителите пред неколку години, цигла не е ставена, а со заканите намали затоа што воопшто не ти се плашиме, напротив повеќе не мотивираш, пишува пратеникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.