Уште една група на Телеграм повторно со име Јавна соба и со иста цел, објавување на фотографии, фото-монтажи, податоци од социјални мрежи и телефонски броеви на девојки од Македонија, објави Телма. Викендов се појавила на Телеграм, група со име „Јавна соба-резерва“, а девојка со која контактирала Телма тврди дека и биле објавени податоци од профилот на ФБ со тужи фотографии со порнографска содржина.

Повеќе часови, на неа и стигале непристојни пораки и била малтретирана по интернет. Поради големи непријатности скопјанката која не контактираше ни рече дека го затворила профилот на социјалната мрежа.

Од сликите кои ни ги покажа се гледа дека групата има над 1.340 членови, а податоците за оштетената скопјанка ги ставил профил со лажно име Артун Шелби.

Ова е веќе трет пат, групи мажи да отворат група на Телеграм под име Јавна соба на која споделуваат податоци за девојки после што тие се малтретирани и сексуално вознемирувани. Често се користат фотографии од разголени девојки, интимно споделени со партнерите кои ја злоупотребиле довербата на девојките, но се почесто има и лажни фотографии со вистински податоци на вознемируваните жени.

Во првиот случај Јавна соба, донесена е првостепена пресуда против Дарко Костовски, како креатор на групата и на администраторот Михаил Паневски, кои се осудени на по четири години затвор. Судени се поради детска порнографија, а за вознемирувањето на жени и девојки како и за злоупотреба на нивни лични фотографии и податоци не беа ниту обвинети.

Јавна соба предизвика повеќе реакции и протести, како и минимални промени во законите и судските постапки, но повтроно се појавуваат вакви групи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.