По неодамнешната контроверзна објава на социјалните мрежи од страна на докторот Венко Филипче, кој е и претседател на СДСМ, реакциите од јавноста не стивнуваат. Фотографијата која ги разоткри личните податоци на пациентка предизвика лавина на негодувања, меѓу кои се вклучија и познати личности како поранешниот новинар Александар Методијев.

Методијев, познат по својата критичка мисла, го сподели постот на Попоски во кој се поставува прашањето: „Дали би биле среќни да ги видите своите лични податоци на профилот на вашиот доктор?!“ Во статусот, Попоски потенцира дека оригиналната фотографија, објавена на Фејсбук профилот на Филипче, содржи јасно видливи и читливи лични податоци на пациентката, што претставува сериозно прекршување на правата на пациентите и Законот за здравствена заштита.

„Тривијалната самопромоција на сметка на пациентот претставува сериозно нарушување на довербата во здравствената институција и целиот здравствен систем,“ се вели во статусот на Попоски.

Тој ја опишува ситуацијата како неприфатлива и напоменува дека ваквото непочитување на основните принципи на приватност на пациентите може да резултира со сериозни административни и правни последици за Филипче и здравствената институција.

Јавноста продолжува да реагира со негодување, истакнувајќи дека ваквите инциденти се системски индикатор за ниско ниво на квалитет во здравствените услуги во Македонија, додека во развиените здравствени системи ваквата „ноншалантност“ би била сметана за скандал од висок профил.

Филипче засега нема излезено со коментар на овие обвинувања, но притисокот од јавноста и критиките од познатите личности продолжуваат да се засилуваат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.