До петти јануари идната, 2024 година ќе биде распишан тендер за КАТО систем, а што ќе содржи уште не се знае, кажа денеска министерот за здравство Фатмир Мецити кој беше во посетата на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација каде што беше пуштен во употреба новиот апарат за роботска рехабилитација – Lokomat.
Одговорајќи на новинарско прашање рече дека тендерот би требало да биде спроведен некаде до јуни и дека нема информации што точно ќе содржи.
Навистина не би знаел. Милион работи. Јас најмалку разбирам распишување на тендери, за тоа има служби. Ќе ви пратиме соопштение точно ќе ви кажеме што е распишано да не згрешам нешто, не ми текнува и не сакам да се занимавам со овие работи, изјави Меџити.
КАТО системот се користел за контрола на терапиите на пациентите на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Моментално не функционира, заклучен е во просторија во склоп на клиничка аптека. Системот бил купен во 2017 година и чинел повеќе од 350 илјади евра.
Во однос на обучениот персонал Меџити кажа дека има административни задачи на кои ќе треба да се работи наредниот период.
Има работи административни, а ова е малку потешка, покомплицирана работа бидејќи се работи за едуциран кадар кој треба квалитетно, ефективно да работи. И тој кадар што бил на времето веќе не е и сега ние се спремаме да бидеме сериозни за да почне ова да работи како што треба, да не се соочуваме после со непредвидени последици или работи што не сме ги планирале како треба. Затоа сакаме многу концизно да ги планираме работите за да кажеме дека навистина сме сериозни, посочи тој.
На прашање дали онколошките пациенти по Нова година ќе имаат терапија и дали постои ризик повторно да има недости министерот изрази надеж дека до тоа нема да дојде.
Ние работиме да не постои ризик како што беше и мислам дека ќе издејствуваме и од ФЗОМ и од сите да нема таков проблем. Но, знаете, на ниво на државата и на ниво на светот во глобално ниво секогаш има дефицит на некои материи на лекови и овие ни укажале дека може да се случи, но како и да е секогаш постои замена и ние сме тука, будно ги следиме сите препораки и од СЗО и да немаме ваков дефицит. Но, дали може да се случи – тоа е знак на прашање, истакна Меџити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.