Ова е неуспешна Влада која траеше 13 месеци, а за што предупредувавме при формирањето. За жал имаме 13 изгубени месеци, не не уверивте дека има некаква разлика, рече Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска расправа за разрешување на министри.

Предупредувавме дека имаат ограничени можности, и не само овие до сега такви ќе бидат и следните месеци, посочи Јаревски укажувајќи дека ова резултира со пад на доверба во системот.

Не уверуваа дека станува збор за нова надеж, дека ќе има реформа во правосудниот систем и наместо пораст на довербата има намалување. И секако се случува Пазар3, класично пазарање, политичка корупција, има се само ништо за граѓаните и државата. Наместо подобра состојба со владеење на правото има само влошување. Оваа е влада на национална катастрофа, кажа Јаревски.

Власта вели ЕУ, посочи Јаревски, но дали некој гледа какво е расположението кај граѓаните.

Се колнеше оваа власт предводена од СДСМ во ЕУ, ама што им се случи. Како сега да поверуваме дека сега ќе има нешто ново, не може затоа што се ќе оди надолу со нив, ќе имаме повторно изгубен период. Период на газење по македонскиот народ, држава, заклучи Јаревски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.