„Неприфатливо е да седи министер, кај што Вие седите и да каже јас не сум запознаен со ситуацијата. За жал изминативе денови дури и пред Вас имавме таков случај што иритира особено многу. Дополнително на тоа многу ни значеше да се укаже и значењето на КАТО системот од Вас лично. Отстранувањето на КАТО системот создава предуслови за таков хаос што следува понатаму“, истакна пратеникот Тони Јаревски на министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната седница на Анкетната комисија за случајот „Онкологија“,

Јаревски додаде дека пратениците деновиве укажуваат дека доколку КАТО системот бил во функција не би дошло до таков скандал како што е денес.

„Мислев да Ве прашам дали сметате дека може ваков скандал да помине без политичка одговорност“, го запраша Јаревски министерот за здравство Меџити.

„Имајќи в предвид сите чекори што ги земате, јас верувам постапувањето во препораките на ДЗР, консултации итн. доколку би биле преземени тогаш јас сум уверен немало да се случи, или не во ваква страшна форма скандал. Така да прашањето ми е следно, хипотетички секакви услови има, доколку не би било преземено ништо, и имаше скандал во време доколку Вие бевте министер со вакви перцепции, не било преземено, со таа ситуација во која што се сите сведоци, Вие сте седум месеци и имавте доволно време дури и пред скандалот како што рековте се презеле чекори, доколку имавте таква ситуација дали ќе поднесевте оставка“, беше запрашан министерот за здравство Меџити од страна на пратеникот Јаревски.

Тој посочи дека второто негово прашање за Меџити е дали како министер планира да ја прошири позитивната листа со медикаменти кои се за терапија за болни од рак.

„Доколку оваа биолошка терапија беше на позитивна листа во тој случај немаше да го спроведува Онкологија, туку ќе спроведуваше министерството. Имајќи ја в предвид тежината на министерството во преговорите кога се спроведуваат таков тип на набавки на позитивната листа генерално цените што се постигнуваат се многу пониски. Следствено прашањето ми е дали имате намера да ја проширите позитивната листа со оваа терапија и да имаме сериозни заштеди“, појасни Јаревски.

Јаревски рече дека третото негово прашање до министерот за здравство е што планира да преземе за да се спречат појавите кои што ги има и по клиниките по други градови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.