Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев во „Дејли Клик“ одговараше на прашањето зошто новинарите немаат пристап до информации од УЈП и од Агенцијата за Катастар.
Тој рече дека тоа било дозволувано од претходната влада спротивно од Закон, и најави дека ќе биде ставено во форма и дека новинарите ќе имаат пристап наскоро.
„Од пртходната Влада дозволувале незаконски работи, наместо да најдат начин како ќе го решат. Може да сте што сакате, некое право ако не ви следува, не може да го добиете. Друго е прашњето дали е во ред или така треба да биде. Ако немате тоа право според закон, тогаш дајте да работиме да биде во форма, во закон, во правилник онака како што треба за нормално утре никој да не биде повикан на одговорност“, рече Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.