„Јанушев има стан, и истиот тој стан кој што е пријавен пред повеќе од година ипол значи се уште додека сегашната опозиција беше на власт и дека додека имаше нешто нелегално или спорно околу тој стан веројатно немаше денеска да седам овде и ниту да бидам генерален секретар на Владата“, истакна Игор Јанушев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Јанушев во своето гостување го приложи и својот анкетен лист додека бил директор во периодот на 2015-тата година кога за првпат имал обврска да го потполни. Потоа го покажа и анкетниот лист кога станал пратеник во Собранието на Република Македонија. И исто така го покажа и анкетниот лист кога стана Генерален секретар на Влада. И сите тие податоци се јавно достапни и може секој граѓанин на Македонија да ги види.

„Може многу лесно да се види што имал Јанушев, како се движела таа промена и што има сега. Се што поседувам е пријавено“, нагласи тој.

„Тоа што имотот е поклон од моите родители, не го менува фактот дека истиот е пријавен како што кажав на почетокот пред повеќе од една ипол година. И не гледам апсолутно никаков проблем. Впрочем ги повикувам институциите да проверат што е можно побрзо и да излезат во јавноста и да го затворат ова прашање“, рече Јанушев.

Јанушев додаде дека очекува од овие паразити кои сега го напаѓаат да соберат доволно храброст и доблест и да му се извинат.

„Освен дување на пердуви ова не е ништо друго“, појасни Јанушев коментирајќи ги нападите од страна на СДС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.