Елена Петрова е нова директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), одлучи Владата на денешната прва седница. Петрова беше дополнителна заменичка-министер за финансии во последната техничка Влада, а 25 години работи во УЈП. Пратеникот Бобан Николовски нов директор на Царинската управа. Експратеникот Игор Јанушев е именуван за Генерален секретар на Владата, а поранешниот управител на ЕЛЕМ Турс Ивица Томовски е назначен за директор на Службата за општи и заеднички работи.
Александар Јанев е назначен за директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Јанев има 27-годишна полициска кариера, работел на различни позиции во Министерството за внатрешни работи, меѓу кои и главен инспектор во Секторот за обезбедување и заштита на личности и објекти и раководел со четири сектори со 300-350 вработени во областа на организираниот криминал, корупцијата, транснационалниот криминал, тероризмот и насилниот екстремизам.
За државен секретар во Министерството за внатрешни работи е именуван Сашо Петрушевски, доскорешен директор на Јавно претпријатие „Куманово Паркинг” во Општина Куманово.
За шеф на Канцеларијата на премиерот е назначен Владимир Нелоски, кој е советник советник во Град Скопје, а негов заменик е Саше Павлоски кој повеќе години работел во Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.