Во овој период имаме едно разногласие од страна на владините коалициски партнери. Излегува Ковачевски и кажува дека ќе имаме редовни избори за да после два дена после него излегува Османи и повторно ни кажува дека да гласаме уставни измени па да идеме на предвремени избори што само ја потврдува нашата теза дека во оваа Влада Ковачевски никој ништо не го прашува“, истакна пратеникот Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма.


Тој запраша за тоа како е можно на 6 месеци пред избори да не седнале и да се договорат бидејќи се коалициски партнери бидејќи заедно крадат за тоа кога и како ќе се организираат изборите?

Јанушев додаде дека последната изјава на Ковачевски е триумфалистичка повикувајќи се на тоа што го кажал пред една година дека ќе има редовни избори.

„Во овие 2 години цело време единствена теза пласираат тоа е дека имаат пратеници за уставни измени, но никако не закажуваат седница а од друга страна се обидуваат да ни понудат предвремени избори ако се согласиме да гласаме за уставни измени. Зошто го прават тоа? За да купат време за да можат уште некој месец да крадат“, кажа тој.

Јанушев истакна дека неколку пати излегле во јавноста со предлози, еве последниот предлог од вчера е тоа да власта да одбере датум и да каже кога сакаат да идеме на избори. Што по ферски, што по отворено и што по јасно од ова.

Дали ќе бидат изборите во Мај, Април, 15 или 20 дена не менуваат ништо, дали ќе се формира техничка Влада пред или после празници, крајот на Јануари или почетокот на Февруари исто така не менува ништо. СДСМ и ДУИ ќе се соочат со најголемиот пораз кој го имале во историјата на државава“, кажа тој.

Јанушев додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ги понуди сите можни варијанти.

„Има разногласие и Ковачевски не го прашува никој во државава што мисли и како мисли затоа што после таа изјава на Ковачевски излегува Османи и вика ај да идеме на предвремени избори. Во која нормална држава после изјава на премиер излегува министер било кој од таа Влада во која нормална држава тој дава сосема спротивна изјава на премиерот“, дециден е Јанушев.

Тој заклучи дека нема никаква логика да не бидат изборите заедно, која е логиката да не бидат изборите заедно кога тие се во иста година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.