Со помош на УНИЦЕФ и Светска банка во Македонија досега во 10 општини во Македонија е направена оптимизација на училиштата. Тоа значи дека училиштата кои имаат два, пет, седум, 10 ученици ќе треба учениците да се припојат на централните училишта каде што има повеќе ученици за да имаат бенефит од образованиот систем. Вишокот од наставнички кадар што ќе се појави заради оваа централизација може да биде ангажиран во Бирото за развој на образованието (БРО), Државниот просветен инспекторат (ДПИ), Државниот испитен центар (ДИЦ) и Центарот за средно стручно образование и да помогне со своето искуство, стручност и знаење, најави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која говореше на панел дискусијата „Образование водено од реалните потреби на учениците”.
Владата е посветена и решена да вложи многу во оброзаванието, онака како што ветувавме, но постепено, но нема подобрување на образованието ако нема рационализација на трошоците. Ќе имаме намалување и на трошоците за одржување на училишта кои де факто немат ефект врз образованието на учениците, изјави Јаневска.
Според Јаневска, учениците кои учат во училиште во кои има мал број запишани деца ќе се социјализираат со ученици од своја возраст, ќе се сместат во подобри инфраструктурни услови, ќе имаат на користеење подобри информатичко-технолошки средства, ќе имаат поголем број различни наставници, ќе се издвојат од сопствената средина од којашто се заробени по цел ден и ќе се дружат со деца со кои ќе може да развијат компетитивни способности.
Зааедно со нашите странски парнтери УНИЦЕФ и Светска банка работиме на проектот наречен Оптимизација на училиштата од кој очекуваме силен ефект во подобрување на знањето и вештините на учениците. Конкренто, тоа значи училиштата кои имаат два, пет, седум, 10 ученици ќе треба да се припојат на централните училишта каде што има повеќе ученици, изјави Јаневска.
Министерката кажа дека со масовното иселување од државата веќе се појавува таканаречен вишок на наставниции.
Иако лично сметам дека наставник не може да биде вишок, ние само треба да ги направиме функционални. Владата, во предизборната програма направи стратегија како наставниците кои ги имаме да ги направиме функционални за да останат во образованиот процес. Стратегијата е едносменското работење, подолгиот престој на учениците и настаниците, како и целодневната настава која се покажала како многу ефикасна во повеќе земји. Кога ќе направиме нормални паралалки, а не класови од по 10, 15 ученици, туку, да речеме ќе ги сведеме на 20 – наставникот што е вишок ќе продолжи да работи во втората половина на денот според програмата која опфаќа многу додатни предмети, изборни, воннаставни активности, работа со талентирани деца..идејата е целиот пул на наставници да го искористиме за учениците да добиваат подобри знаења. Познато е дека одредени институции во дражвата имаат слаби човечки капацитети – БРО, ДПИ, ДИЦ, и Центарот за средно стручно образование имаат потреба од искусни сериозни луѓе. Откако ќе направиме мали измени во законите, ќе им понудиме на наставниците да се префрлат во овие институции за да можат да дадат свој импакт на образованието, односно да го пренесат своето искуство и знаење на оние наставници на кои што им требаат обуки и помош. Крајниот продукт е ученик со соодветнии знаења на истата возраст како децата од Европска унија, изјави Јаневска.
Следниот проект се уште 20 општини. Процесот се одвива во соработка со локалната самоуправа, со директоритте на училиштата, наставниците, родителите, изјави Јаневска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.