За продлабочување на соработката во областа на образованието и науката помеѓу Македонија и Романија преку нови заеднички иницијативи за поврзување на образовни установи, размена на ученици, студенти и наставно – научен кадар, денеска разговараа министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и романската амбасадорка Адела Моника Аксинте.

Јаневска и Аксинте особено се осврнаа на можностите во иднина да се доделуваат стипендии за изучување на македонскиот и на романскиот јазик, литература, култура и цивилизација на Универзитетот во Букурешт, односно на Лекторатот за романски јазик при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Изразувајќи благодарност до амбасадорката за заложбите за понатамошен развој на добрите билатерални односи, министерката Јаневска укажа дека соработката со Романија е од национален интерес и очекува исполнување на одредбите од протоколот за соработка кој двете држави го потпишаа во 2023 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.