„„Се доцни со обуките за наставниците кои треба да ја спроведуваат новата програма и тоа е исто толку страшно како немање учебници. Значи наставниците добиваат нови содржини, нови предмети како Историја Општество и за нив требаше да се одржат обуки“, изјави претседателката на комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска во вчерашното гостување во Централниот дневник на ТВ Сител во „Тема на денот“.
Таа додаде дека државата треба сериозно да си направи план и стратегија што ќе прави со образованието затоа што таа 100 пати повторува дека ако нема образование нема држава и не може ништо друго да функционира што всушност ние тоа и го гледаме затоа што необразовани луѓе раководат на одредени значајни места и ние сме во ваква состојба во која што сме.
„Немањето кадар особено за професорите по Математика, Физика, Хемија, Информатика знаете јавна тајна во Македонија нашите информатичари уште пред да завршат факултет се вработуваат во странски фирми и онлајн работат од дома и земаат 5 пати поголеми плати од наставниците“, рече Јаневска.
Јаневска посочи дека денес министерот за образование вели дека Владата направила многу и им ја покачила платата за 15%, но при тоа не вели дека инфлацијата дефакто им го поништи тој процент од 15.
„Тие и со ова покачување на наставниците кои се луѓе од крв и од месо имаат семејство и свој потреби, тие со ова покачување сега во септември не може да си дозволат да си обезбедат тоа што можеа во јуни без покачувањето“ кажа Јаневска.
Јаневска потенцираше дека ова покачување воопшто не треба да се смета како нешто значајно што го направила Владата. Бидејќи она што секако им е ветено од оваа власт а тоа е според колективниот договор нивелирање на нивните плати според минималната плата во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.