Весна Јаневска, претседател на комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во централниот дневник на ТВ Сител во Тема на денот, вели дека суштинските грешки во содржината на учебникот по Историја и општество се направени бидејќи очигледно е дека никој од одговорните не го отворил и не ја проверил неговата содржина.

Се случила катастрофа затоа што е очигледно дека ниту еден од тие кои имале одговорност да го погледнат учебникот не го ни отвориле, ниту рецензијата е направена како што треба, ниту проверките се направени, вели таа.

Јаневска потенцираше дека не е само учебникот за петто одделение, туку грешки во содржината има и во учебниците за трето и осмо одделени, укажувајќи дека ова покажува дека целиот образовен систем е комплетно срушен, а најстрашно е што никој не чувствува одговорност.

Што е најстрашно? Не е само овој учебник. Во математиката децата не смеат да пишуваат, и таму имале рецензенти, ако таа книга е предвидено да се користи и следната година не е соодветна. И тука требало да проверат, но не провериле. Исто така има грешки и во учебникот за трето одделени и во осмо одделени. Значи сето ова покажува дека целиот систем е комплетно срушен, а никој не чувствува одговорност, истакна таа.

Јаневска смета дека државата троши средства за печатење на учебниците, а од друга страна нивната содржина за жал како што рече е полна со глупости, бидејќи да пишува дека Монт Еверест е на висина од 29.000 метри, или дека Албанија е на исток од Македонија е глупост.

Ние печатиме учебници на пет јазици и тоа се огромни средства кои државата ги троши, за децава наши нешто да научат, а нашите деца учат жал ми е што морам да кажам, но глупости. Да кажеш дека Монт Еверест е 29.000 метри висок е глупост, да кажеш дека Албанија е на исток е глупост, смета таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.