Весна Јаневска, претседателка на Комисијата за образование  на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за „Република“ нагласува дека Анкетната  комисија за случајот „Онкологија“ треба да утври политичка одговорност бидејќи таа не е суд.

Анкетната комисија ќе го поткрене нивото на одговорност на оние кои треба да ги направат истрагите.Луѓето бараат  одговори иако сето ова што го кажуваат луѓето се докаже дека е точно треба сериозно да одговараат и да завршат со долгорочни затворски казни.Не само нехумано на болен да му го земеш лекот, тоа е предаторство за да го продадеш за пари.Лекарската професија се базира на доверба меѓу докторот и пациентот и ако не постои таа довреба ти не си никаков лекар. И сега срамот на одредена група се префрли на целата фела доктори а имаме многу чесни лекари.

Јаневска и стручно објани што се случувало на „Онкологија“.

 

Верувам дека ова не се случило на секој пациент.Дали е можно-да можно е.Дали пациентот примал физиолошки место лек треба истрагата да покаже.Докажливо е дали отварале лажни истории, влезот и излезот на лековите, колку пациенти примиле и  каде се останатите, дали се некаде продадени…..Не можеме да тврдиме дека некој пациент починал затоа што не го примил лекот, сепак станува збор за многу сериозна болест и факт е дека постојат пациенти кои ќе го примат лекот но за жал ќе починат.Затоа велам дека тоа е тешко докажливо.Но другите елементи се докажливи и очекувам точно со име и презиме да имаме кој отворал лажни истории, каде се лековите, бројот на ампулите, тоа треба да се докаже и ова е еден од начините да кажеме дека сме организирана држава.Ако не се докаже сега ќе се докаже кога ВМРО ќе дојде на власт. Ќе има сериозна истрага и мора да има завршница.Одговорноста не може да биде колективна на цело здравство.Исто така пациентите треба да знаат дека не секој од нив може да прима биолошка терапија. Сега сите се чуствуваат засегнати и велат „мене не ми дадоа“..Без оглед што туморите се под иста дијагноза кај различни пациенти имаат различни карактеристики.За да прими билошка терапија пациентот туморот треба да има рецептор за таа билошка терапија.Тоа се како некои рачиња и со другата рака која ја носи лекот тие треба да се врзат за да има ефект.Доколку туморот ги нема овие рецептори залудно се дава биолошка терапија, таа може да делува на околното ткиво а туморот и натаму ќе прогресира.И тука може да се види дали сите што имале рецептори ја примиле билошката терапија-објасни професорката.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.