Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев истакна дека благодарение на брзата и професионална реакција на полицијата, особено на интервентната полиција и специјалните единици, успеале да ги фатиме сторителите од вчерашниот настан и да ја обезбедат правдата.
-Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги за нивната професионалност, храброст и посветеност кон граѓаните и македонската држава. Вашата неуморна работа и решителност се пример за сите нас. Вашата пожртвуваност и храброст да се испречите пред куршумите за да ги заштитите нашите граѓани влева увереност дека тие можат да имаат доверба, објави Јанев на Фејсбук.
Јанев им се заблагодари на граѓаните за нивната соработка, смиреност и внимателност и довербата која ја укажале во текот на вчерашниот ден.
-Вашата поддршка е клучна за одржувањето на мирот и безбедноста. Од име на Полицијата, сакам да им заблагодарам и на медиумите, кои професионално известуваа и не дозволија да се крене паника и вознемиреност кај граѓаните. Овие постапки се потврда дека заедно можеме да го зачуваме мирот и безбедноста во нашата држава. Ние сме непоколебливи во нашата решеност да ставиме ред и да обезбедиме сигурност за сите граѓани. Вашата безбедност е наш приоритет и нема да дозволиме криминалот да го наруши нашиот живот и спокојство. Ви благодариме за вашата соработка и разбирање. Заедно, со заеднички напори, ќе го зачуваме мирот и ќе ја обезбедиме иднината на нашата земја, нагласи директорот на БЈБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.