Градоначалникот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевче Јакимовски го призна изборниот пораз на претседателските избори. Тој веќе ѝ ја честиташе победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Рече дека ќе видиме после пет години дали изборот на граѓаните бил добар или не.

-Далеку се резултатите од очекувањата, битно беше дека граѓаните имаа избор. Дали граѓаните биле во право, ќе видиме после 5 години, да сме живи и здрави, рече Јакимовски на прес-конференција.

Според досегашните резултати од ДИК, Јакимовски има 5.341 гласови односно 0,92%. Во водство е Силјановска со 224.044 гласови (38,51%) од обработени 65,77% од вкупниот број гласови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.