Претседателскиот кандидат од редовите на ГРОМ Стевче Јакимовски, кампањата ја продолжи со средба со жителите на Гостивар.

Јакимовски, зборуваше со гостиварци за актуелните случувања и напомена дека најголемата мака е иселувањето и како што напомена тоа е заради, поради лошите политики на досегапните владеjачки гарнитури.

„Причината за масовниот егзодус е поради полтронскoто однесување на функционерите не водејќи сметка за својата туку за туѓите држави“, рече Стевчо Јакимовски претседателски кандидат од ГРОМ.

Тој посочи дека е кандидат на граѓаните, а не продолжена рака на партиите. Зборувајќи за промената на Уставот, тој упати критики за предлозите на неговите противкандидати околу овој процес.

„Претседателските кандидати бегаат од дебати. Тоа е голем срам за демократијата. Народот мора да ги слушне нивните ставови околу суштинските прашања за државата“, рече Јакимовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.