Таткото на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Момир Маричиќ, преку коментар му порачал да „једи *овна“ на новинарот на „А1он“ кој упатува прашања за фамозните бифтеци за време на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Дејвид Гир.

Коментарот бил напишан вчера, а достапен бил сè до попладнево, кога споменатиот портал го контактирал вицепремиерот.

фото: А1онБојан Маричиќ се оградил од однесувањето на Момир, а притоа во телефонски разговор и лично се извинил во негово име, но и во име на неговиот татко. Смета дека коментарот бил пишан во афект, по што додал: „Што секако не е оправдување“.

Целосно се оградувам од какви било навредливи пораки кои ги објавил кој било вклучувајќи го и мојот татко. Неговите коментари во никој случај не ги одразуваат моите ставови, ниту некогаш зборувал во мое име. И двајцата сме возрасни и секој одговара за своите ставови и постапки. Јас моите ставови ги изнесов јавно на прес-конференција и секогаш изнесувам ставови кон медиуми со должна почит и внимание, вели Маричиќ за „А1он“.

Од порталот вчера се обиделе да стапат во контакт и со Момир Маричиќ во врска со неговиот коментар, но безуспешно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.