Претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен, смета дека внесувањето на Бугарите во Уставот не треба да се драматизира. Прашан дали тој лично ќе ја убедува опозицијата да гласа за уставните измени, тој рече: „Не би сакал премногу да се изјаснам во однос на внатрешнополитички прашања во Македонија“.

Во парламентот ќе држам говор и ќе ги замолам сите пратенички групи со длабоко размислување да постапат по ова прашање и да размислат што стои долгорочно. Заштитата на малцинствата во Македонија се подразбира, а следниот чекор (уставните измени) не треба да се драматизира, според мене“, рече претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен.

Тој посочи дека ги разбира реакциите на граѓаните поради новите услови од Бугарија, кои влегоа во преговарачката рамка, но посочи дека треба да се искористи моментот и да не се губи време.

„Јас имам огромно разбирање за фрустрацијата која е присутна во однос на преговорите со Унијата. Токму затоа е важно, овој момент, ова ново забрзување, зајакнатиот интерес на ЕУ, да се искористи и да не се изгуби дополнително време. Се надевам дека овој следен чекор треба да се реализира“, додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.