Извештајот на Европската комисија потврди: ДПМНЕ и Мицкоски се главни кочничари на европскиот пат и на реформите на земјата, велат од владејачката СДСМ.

Во извештајот стои поразителната констатација дека главната опозициска партија ДПМНЕ активно ја блокираше парламентарната работа, што беше значајна пречка за напредок. Но, и покрај опструкциите на опозицијата, државата продолжува да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство. Блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски во македонското Собрание треба да бидат поразени заради сите граѓани и заради иднината на земјата, велат од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.