Во извештајот на „Фридом хаус“ за „Државите во транзиција за 2023“, кога станува збор за состојбата на демократијата, Србија остана на исто ниво, мали подобрувања се забележани во Албанија, Косово и Македонија, а пад е забележан во Црна Гора и Босна и Херцеговина, објави Гласот на Америка.
Земјава добила оценка 3.86 за демократски прогрес, за разлика од 3.82 во претходниот извештај, на скала од 1 до 7.
Во извештајот се наведува дека долготрајниот процес на пристапување во Европската унија на Западен Балкан го зголемува разочарувањето од Унијата и ја ослабува нејзината моќ да поттикнува реформи.
Македонија во извештајот постигна скор од 48 поени од можни сто, а лани имаше 47 поени.
Во извештајот се забележува и дека Македонија и Црна Гора доживеале акутна политичка дисфункција во текот на 2022 година, но нивните резултати во демократскиот развој се движеле во спротивни насоки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.