Иако министерот за правда Кренар Лога се обиде да го релативизира Законот за амнестија со изговор дека од затвор не излегуваат академици, застрашувачка е листата на затворениците кои ќе бидат на слобода ако законот помине во Собрание.
Иако овој закон не е со европско знаменце, сепак ќе оди по скратена постапка и опозицијата ќе има право да поднесе амадмани.
ВМРО-ДПМНЕ веќе најави дека со сите средства ќе го блокира овој штетен закон.
Еве ја листата на дела кои ќе добијат амнестија и можност делумно или целосно да излезат од затвор.
Тешка телесна повреда, загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, против правно лишување од слобода, грабнување, мачење и другo сурово нечовечно или понижувачко постапување и казнување, малтретирање во вршење на служба, загрозување на сигурност, нарушување на непроверливост на домот, злоупотреба на лични податоци, повреда на работа од работен однос, повреда на угледот на Република Македонија, излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците, одземање на малолетник, запуштање и малтретирање на малолетно лице, пренесување заразна болест, неовластано производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и останато, овозможување на употреба на наркотични дроги, тешки дела против здравјето на луѓето и така натаму, узурпација на недвижности, мачење животни, кражба, предизвикување тешка гражба, безсправно грдење, уцена, измама,лихварство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.