Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска упати порака до пратениците од СДСМ во моментите кога во Собрание тече дебатата за избор на нови министри од редовите на Алијанса за Албанцитите.

Тој нагласува дека СДСМ со ова раководството никогаш не било во полоша ситуација.

Тоа е партија  која е присутна на политичката сцена повеќе од 3 децении како наследник на Сојузот на комунисти и има своја традиција и не би било добро овие луѓе кои денеска го водат СДСМ да го згаснат. Апелирам до пратениците на СДСМ и сите оние кои изминатиов период даваа знаци и позиции различни од раководството, свесен сум дека има голем број закани од полукриминални структури управувани од раководството, нека се одважат да не се плашат и нека им застанат на патот на два-тројцата од раководството кои ја уништуваат иднината и на Македонија, истакна Мицкоски.

Мицкоски ги повика да не му бидат заложници на Али Ахмети, и да не дозволат повторно Еди Рама да ја составува идната влада на Македонија.

И нивни интерес е Македонија да биде слаба и опљачкана, на колена, застанете до нас, подадете рака, немојте да дозволите тие криминалци во раководството на СДСМ кои имаат интерес само да ги поделат провизиите од тендерите да ве втурнат во пеколот кој и го подготвуваат на Македонија.

Тој нагласи дека не очекува дека овој парламентарен состав да стигне до 2/3 мнозинство.

Овој парламентарен состав очекувам многу скоро да го заврши својот мандат, и откако ќе го заврши својот мандат, да одиме на брзи предвремени парламентарни избори, истакна Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.