Вечерва се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ. Поради заштита на здравјето седницата се одржа онлајн, преку дигитална платформа. Членовите на Централниот одбор дискутираа за повеќе актуелни теми, здравствената криза предизвикана од пандемијата, мерките за заштита на здравјето на граѓаните и здравствениот систем, подготовките за почеток на училишната година, за мерките кои ги презема државата како одговор на глобалната енергетска криза и прашањата за продолжување на европскиот пат на земјава, информира СДСМ.

Централниот обор на СДСМ го овласти претседателот и премиер Димитар Ковачевски, да разговара со партнерите во владата и парламентарното мнозинство за избор на заменици министри.

На предлог на претседателот Ковачевски, Централниот одбор на СДСМ донесе одлука за замениците министри од СДСМ:

Заменик министер за финансии – Филип Николовски. Николовски е независен финансиски и инвестициски експерт, со долгогодишно искуство во финансиите и инвестициското банкарство.

Заменик министер за здравство – Доцент доктор Владимир Рендевски. Тој е доцент по хирургија и неврохирургија на катедрата на Медицинскиот факултет во Скопје, докажан хирург на Универзитетка клника за неврохиругија кој има објавено над 70 стручни трудови.

Заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски. Дипломиран економист во насоката финансиско сметководствен менаџмент, актуелен заменик министер“, се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.