Собранието попладнево, на посебна седница, ги избра замениците министри и дополнителните заменици министри во техничката влада. Со тоа е комплетиран составот на техничката влада на чело со Талат Џафери која ќе функционира сѐ до објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за изборите за пратеници закажани за 8 мај и до изборот на новата политичка влада. Собранието претходно на денешната 141. седница со 65 гласа „за“ и тројца „против“ ја изгласа техничката влада предводена од Талат Џафери.

Долнителен заменик-министер за внатрешни работи од СДСМ е Митко Бојмацалиев, а дополнителен заменик-министер во Министерството за труд и социјална политика е досегашната министерка Јованка Тренчевска.

Дополнителен заменик министер за финансии од ВМРО-ДПМНЕ е Елена Петрова, за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски исто така од ВМРО-ДПМНЕ, а за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски од истата опозициска партија.

Со изборот на дополнителните заменици министри се комплетира составот на техничката Влада.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.