Негово право е, добро е што заминал на одмор и да одмори.Изборот на дестинацијата не е спорен, велат од ВМРО-ДПМНЕ за одморот на лидерот на Левица Димитар Апасиев.
. Но тоа што е спорно е лицемерието на Димитар Апасиев, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за одморот на Апасиев.
Стоилковски нагласи дека Апасиев е лицемерен и дека тоа е во фокусот на јавноста бидејќи од партија Левица постојано нагласувале дека 65 проценти од населението не може да замине на одмор ниту во Македонија поради сиромаштијата.
Заминува на одмор во луксузно летувалиште, додека над 65 проценти, според соопштение на Левица неговата партија, не може да заминат на одмор ниту во Македонија. И спорно е тоа што Апасиев не е прв пат лицемерен. На пример овој луксузен одмор може да го плати со уживањето со платата покачена за 78%.Или на пример со користење на службен луксузен автомобил со возач, наспроти приказните за скромен половен семеен автомобил, рече тој и додаде:
Оттука, јавноста верувам не ја интересира одморот, туку лицемерието и тоа е суштината на фокусот на јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.