Релативизмот, дефетизмот и политичката заслепеност се опасна болест, пишува Ивор Мицковски на социјалните мрежи.

Постојаното повторување на “моментот е сега” стана императив со оваа Влада, гарнитура и коалиција.

Демек се е ургентно, се мора брзо, возот не не чека.

Па режим само буткавме преку 10 години, ама никогаш не побрзавме околу реалните реформи и напуштањето на политичкото насилство и самоволие.

Нема каде да се брза кон ЕУ, затоа што самиот суштински процес не е брз. Ќе трае најмалку 15-20 години.

Притоа ЕУ ја очекуваат системски реформи, како отстранување на едногласноста и силата на ветото.

За неколку години Бугарија ќе нема со што да не уценува.

Да, ЕУ ја очекуваат и концентрични кругови на интеграција, ама тоа ќе се случи и да си во преговори и да не си.

Така да, времето не е сега и никаде не гори за да се потпише ваков лош договор без јасен исход и без можности ние нашиот дел да го оствариме.

Второ, ако ова го прифатиме правиме вистински цивилизациски и културен масакар од европските вредности и од нашите национални интереси, јазик, култура, историја и образование.

Конечно има нешто што се вика историска вистина, морална исправност, национална гордост, што ако еднаш во животот не ги демонстрираш и не се заложиш за нив, нема никогаш да бидеш почитуван од поголемите и посилните.

Затоа не ни правите и не и правите на Европа лоша услуга. Се ќе дадете – за ништо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.