Аналитичарот Ивор Мицковски коментира дека наместо живот за сите завршивме без банка, наместо правда за сите, нема никаква доверба во судството.
Инфлација 15 отсто, минимална кошница зголемена за 16 отсто, цена на леб зголемена за 100%, масло за јадење 94%, горива 65%, струја 10%, гас 65% и они би да зголемуваат даноци.
Си проаѓа секој скандал ко ништо од Жан Митрев до тендери, свакојаки дивоградби, договори во 4 очи, бенефиции или безобразни трошења на партиите од коалицијата. Дури и си тераат позитивна кампања за избори во Маврово-Ростуше откако мама му ебаа на националниот парк и викенд населбата.
А ветуваа живот за сите, правда за сите, кога завршивме без банка и со доверба во судство од 8%.
И уште имаат оптимизам за уставни реформи, си лупетаат за цензура, ловат хистерии и руски врски, се бават само со агенди кои немаат врска со обичниот човек.
Можеби најнеспособната багра што некогаш владеела со оваа земја.
Ќе си ги вратите и те како ВМРО, со нивниот самобендисан лидер и ќе јадеме уште 10 години национализам и корења.
Ама да немате сомнежи, одговорноста ќе биде само ваша, како и вашата пропаст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.