Екс лидерот на Либералната партија во објава на социјалните мрежи упати жестока реакција кон Андреј Жерновски по разоткривањето на скандалот дека 18 месеци земал по 60.000 денари за работа што не ја вршел.

Како што вели Величковски, доколку Владата е посветена на борба со корупцијата, би издала две можни соопштенија:

1. „Поради неоткажување од надомест за работа што не ја извршувал по именувањето на новата должност, Премиерот очекува Жерновски да поднесе оставка до крајот на седмицата“.

2. „По сознанијата за ова прекршување на етиката и праксата на доброто владеење, покрај истрага за случајот од МЗ, Премиерот побара и МНР да отпочне постапка за отповикување на Амбасадорот Жерновски“.

Величковски истакнува дека овој скандал ќе определи дали Ковачевски решил да води Влада/партија или се помирил со епизодна улога во нив.

Ковачевски да не купува време, порачува поранешниот лидер на ЛП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.