Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Билјана Ивановска во изјава за „360 степени“ порача доколку опозицискатаВМРО-ДПМНЕ има информации за тајни имоти, да поднесе пријави до Антикорупциска комисија.
Ќе видиме за што станува збор. Надлежноста на ДКСК е да изврши проверка на анкетните листови, дали тие ги содржат сите податоци кои ги потврдуваме со прибирање и споредба на информации од надлежни институции, како што се Агенцијата за катастар, МВР, УЈП итн. Проверуваме дали тоа што е пријавено соодветствува со тоа што го имаат регистрирано институциите, изјави таа за „360 степени“.
Таа во случајот со аферата за која обвинува ВМРО-ДПМНЕ, смета дека доколку има такви лица, она што може ДКСК да го направи е да изрече глоба доколку функционери имаат имот регистриран во Катастар, а не го пријавиле во анкетниот лист. Но, во случај да имаат имот кој не е заведен на нивно име во Катастар, Ивановска вели дека „тогаш тука има проблем“.
Ако имотот не е регистриран во Катастар, тука е проблемот на кој ние постојано укажуваме дека има висок ризик од корупција и три години бараме да се донесе Законот за потекло на имот. Кога секој граѓанин ќе си каже од каде е имот, полесно ќе биде да се утврди состојбата, заклучува таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.