Поранешната антикорупционерка Билјана Иановска во интервју за емисијата „Програми 200“ во ТВ Алсат вели дека да била премиер сите административци би ги отпуштила од работа.
Да бев премиер, ја по автоматизам сите би ги отпуштила од работа. Администрацијата треба повторно да конкурира за истото работно место, и да дојдат странците да проценат дали се способни или не – рече Ивановска.
Ивановска рече и дека ја поддржува одлуката на Уставниот суд да отвори предмет за балансерот.
Исто така дека „балансерот“ е „погрешно толкување на Охридскиот договор“, а политизацијата е главната причина за вработувањата во администрацијата. Поранешната антикорупционарка е против и законот што треба да го замени балансерот, бидејќи според нејзе тој нема да донесе ништо ново.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.