Мандатот на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата истекува на 7 февруари, а апретседателката на Комисијата Билјана Ивановска апелира Собранието навреме да го распише огласот и да се изберат новите членови бидејќи следната година е изборна.

Ивановска за Топ Тема на ТВ Телма најави дека годишниот извештај за нивната работа ќе го достават до Собранието до крајот на јануари.

Најболните точки во работата на актуелниот состав на ДКСК, според неа, се неспроведувањето на националната програма и на препораките испратени до државните институции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.