Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска во ијзава за „Сакам да кажам“ вели дека министерот за правда Никола Тупанчевски, вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев, кои вчера беа во ложата на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, самите треба да си кажат кој им ги платил трошоците за следење на македонската фудбалска репрезентација.
Доколку службените лица не патувале во рамки на своите службени должности, сами нека си објават кој им ги подмирил трошоците за патување, вели Ивановска.
Од порталот не добија одговор на смс пораките за нивните трошоци упатени до тројцата.
Контоверзиите околу следењето на фудбалскиот натпревар не е само поради трошоците на овие избрани и именувани лица, туку и што како претставници на своите области не треба да се најдат во исто друштво, особено на ден кога беше објавено дека само 8% од македонските граѓани имаат доверба во правосудниот систем.
Како што дознава А1он, во истиот авион на министерот, обвинителката и судијата се наоѓал и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.