Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 не откри имиња за можни кандидати за претседател од редовите на партијата, но призна дека Гордана Силјановска – Давкова и Александар Спасеноски се меѓу оние 22 имиња кои се кандидати, и дека наскоро ќе биде одбран кандидатот.

„За многу брзо од денеска ќе го знаеме кандидатот. Навистина не го знам, и би било неблагодарно да дадам портрет или име, затоа што, сепак, сакам тој процес да биде достоинствен, трансперентен, темелен. Ние одиме на историски резултат, и мораме така да се однесуваме, одговорно. Многу дисциплинирано се однесуваме по тоа прашање, затоа што на 21. февруари е рокот за заинтересираните да поднесат апликација. Сепак, близу 500 делегати треба да поддржат некој од кандидатите, може ќе се појави некој кој воопшто не го анализираме на нашите анкети, па ќе ги исполни условите“, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.