Историјата нè учи дека е потребно да се бориме за мир, разбирање и пријателство. Поуките од тогаш мора да бидат добар учебник за иднината, рече Христијан Мицкоски на денот кога се одбележува 79 години од депортацијата на Евреите од Македонија.

Денес се навршуваат 79 години од депортацијата на Евреите од Македонија. Фашистичката власт предводена од тогашниот бугарски окупатор направи чекор, без преседан, со кој илјадници животи на нашите сограѓани Евреи згаснаа. Ваквата историја нè учи дека е потребно да се бориме за мир, разбирање и пријателство. Поуките од тогаш мора да бидат добар учебник за иднината, вели Мицкоски.

Слава им!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.