Во организација на Здружението на историчари на Република Македонија (ЗИРМ), во среда, 26 октомври, во салата „Фросина“ во МКЦ, со почеток во 12 часот, ќе се одржи Научна трибина насловена „Билатералните протоколи со Бугарија и импликациите за македонската наука и образование“.

Како што објаснуваат од ЗИРМ, трибината има за цел иницирање академска дебата со која ќе се адресираат импликациите на Билатералните протоколи со Република Бугарија за македонската наука и образование.

Говорници:

проф. д-р Митко Б. Панов, Претседател на ЗИРМ
акад. Љупчо Коцарев, Претседател на МАНУ (Воведно обраќање)
aкад. Катица Ќулафкова
aкад. Ѓорги Поп Атанасов
проф. д-р Гордана Силјановска
проф. д-р Владимир Петрушевски
проф. д-р Билјана Ванковска
проф. д-р Наташа Котлар
проф. д-р Тодор Чепреганов
проф. д-р Илија Велев
проф. д-р Александар Атанасовски
проф. д-р Иванка Василевска
проф. д-р Елка Јачева Улчар

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.