Првам но не и последна средба. Искрени прегратки за пријатели навек -напиша министерот за локална самоуправа, Златко Перински откако денеска оствари средба со Христијан Митевски, младо момче од Штип, личност со попреченост.

Перински објави видео на кое во прегратка го дочекува младиот Христијан, момче полно со позитивна енергија, идеи, полн со живот.

Утринава имав инспиративна средба со младиот штипјанец Христијан, лице со попреченост, преполно со ведар дух и позитивна енергија, преку кого сите треба да учиме за прифаќање на различностите и поголема инклузивност на лицата со попреченост. Интересен понеделник во Министерството, ги сменивме улогите. Тој беше министер, јас обичен граѓанин. Разговаравме за неговиот роден Штип, за развојот на градот, за инклузивноста, за патот на Македонија кон Европската Унија… – напиша Перински за момчето кое ги руши сите бариери.

Лицата со попреченост имаат право на живот, имаат право да се еднакви во општеството, да се прифатени и сакани. Така и Перински подвлече:

Сите имаме еднакви права, без оглед на разликите.
И желбите се остварливи, ако силно ги посакуваме.

Ти благодарам Христијан, со твоите зборови и енергија ми даде мотивација да продолжам напред во остварување на зацртаните цели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.