Дојдовме во Битола да видиме одблиску што бил и како бил случајот во врска со смртта на починатото бебе, првороденче на на 24-годишна битолчанка, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

За време на неговата посета на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, министерот најави дека во текот на утрешниот ден во битолската болница ќе дојде тим од Државен здравствен и санитарен инспекторат, комисија од инспектори и ќе утврдат што било точно причината.

Како што видов во првичниот извештај, бебето живо било родено, со тахикардија, имало белодробно срцево осивување, а понатаму се ќе кажеме кога ќе имаме дефинитивни резултати од одговорните институции во државата. Разговарав со мајката на бебето што го изгуби и се што е, како е постапено ќе утврдат службите и после ќе излеземе со конечен извештај. Ако има пропуст, ќе има одговорност. Тука сме да видиме што е пропустот, што може да се подобри. Но исто така, и за Јана чекаме конкретен извештај од обдукцијата, изјави Меџити и искажа сочувство за младата родилка за изгубеното бебе.

Во изјава за медиумите, Меџити истакна дека е еден месец министер, знае дека проблемите во здравството неможе да се решат преку ноќ, но како што рече, пополека мораме да настојуваме да имаме подобри резултати во иднина и да не ни се случуваат вакви немили настани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.