Во историјата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за 20 години до Јавното обвинителството се доставени 165 иницијативи за кривично гонење, од кои само три дошле до суд, информира претседателката на Комисиата Билјана Ивановска.
Тоа, вели таа, е многу мала бројка за 20 години, ако се има предвид дека не се само наодите на ДКСК.
Одговарајќи на новинарско прашање, на денешната прес-конференција, претседателката на Антикорупциска Ивановска рече дека треба да се зајакнат капациетите во Јавното обвинителство за да можат предметите побрзо да се проследуваат до судовите.
– За изминатите три години, 18 иницијативи се доставени до Јавното обвинителство. Од овие 18 иницијативи, за шест имаме добиено одговори од кои две се отфрлени, за две е промена на фактичка состојба, а за две иницијативи Јавното ообвинителство постапува. Сметам дека треба да се зајакнат капациетите во обвинителството воопшто за да можат предметите побрзо да се проследуваат до судовите. Сметам дека најмногу од се треба првиот филтер – Јавното обвинителство да ги зајакне своите капацитети и да работи поекспедитивно, рече Ивановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.