Работниците и стопанствениците да му се приклучат на бранот на промени, повика пред Владата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на сенародниот собир со кој беше ознаен почетокот на предизборната кампања во пресрет на претседалските избори. Барајќи го нивниот глас за професрката Гордана Силјановска Давкова, Мицкоски потсети дека инфлацијата ги јаде платите, а ДУИ ја водат државата.

Инфлацијата ги јаде платите. Знам дека сте незадоволни и барате но и заслужувате повеќе. За тоа мора заедно да се избориме. За подобри услови за работа, повисоки плати, за почит и достоинство. Ова е таа шанса на промените кои сега започнуваат.

До стопанствениците, поточно бизнисмените.

Од вас зависи дали петмина од ДУИ ќе ја водат државата и слугите од СДСМ ќе ги добиваат тендерите, или на правилен начин, согласно закон ќе се работи и вистинскиот квалитет ќе биде награден. Таа промена ја правите вие. Или ќе го одобрите рекетот на ДУИ и СДСМ или ќе се приклучите на бранот на промените и ќе не поддржите за конечно да има ред во бизнисот и се награди квалитетот. Крајно време е да станеме пристојна земја со ред, систем и бизниси кои ќе ја развиваат државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.