Има средства за 40 нови вработувања за администрација во Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, но нема за вработување медицински кадар и за најранливите пациенти со ретки заболувања и онколошки пациенти, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Деновиве се во тек огласи во ФЗОМ и МЗ за раководители, помошници, соработници, координатори што е уште еден показател за недомаќинското и расипнишко однесување на оваа власт која води НУЛА грижа за пациентите, т.е.своите осигуреници.

На пример во Битола, Велес, Свети Николе, Пробиштип, Ресен, Прилеп се бара соработник, а притоа услов е да се биде Албанец.

Овие нови вработувања, дополнително на веќе ангажираните лица кои координираат проекти за градби кои не се градат во кои спаѓа и клинички центар, значително ќе го оптерети буџетот на веќе натрупаната неефикасна администрација.

Оваа неефикасна администрација нема капацитет ниту да ги анализира извештаите на ФЗОМ и соодветно да постапи согласно утврдените нерегуларности, а доказ за ова е фактот што целиот циркус со овие извештаи во МЗ и ФЗОМ заврши со смена на директорите на Детска и медицинскиот директор на Онкологија, а по сите утврдени нерегуларности, нема иницирано ниту една правна постапка.

 #Одговорност



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.